ВИКЕНДОТ НОСИ ОСВЕЖУВАЊЕ ПО ГОРЕШТИНИТЕ Од понеделник времето пак ќе затоплува
За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст. До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд.
Времето во сабота 13 јуни ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 28 степени.
За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст. До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд.