БИВШИОТ ГАДОНАЧАЛНИК НА ЃОРЧЕ Е ПОСЛЕДЕН ШТО МОЖЕ ДА ЗБОРУВА ЗА БОРБА СО КОРУПЦИЈАТА На Наумоски местото му е во локалните меани и пред суд
„Во моментов против Александар Наумоски се води и судски спор, а има и три кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат“ – потсетува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ со соопштение остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека Александар Наумоски е последниот што може да зборува за борба против корупцијата.
Од владејачката партија потсетуваат дека Наумоски, поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, уште на почетокот на својот мандат ја зголемил градоначалничката плата, а јавноста, како што наведуваат, го памети и по настапите во локални угостителски објекти.
Во реакцијата се посочува дека во последните шест месеци од неговиот мандат се обидел да протурка 25 урбанистички планови, додека граѓаните се соочувале со проблеми како недостиг од вода, депонии и нереализирани ветувања за нова амбуланта и мултифункционален објект во Дексион.
„Во моментов против него се води и судски спор, а има и три кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат. Со ова, Наумоски ги исполнува условите да биде дел од најтесниот круг во СДСМ, а тоа е криминалот и корупцијата“ – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата следува откако претходно СДСМ преку прес-конференција ги претстави своите предлози за ветинг на функционерите, конфискација на нелегално стекнат имот и засилена борба против корупцијата. Станува збор за меѓусебни политички обвинувања и ставови на партиите околу прашањето за владеењето на правото и борбата против корупцијата.