„СТРАВ И НАДЕЖ” НА МНТ ПОБЕДИ НА „ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП Доби награда за уметничко остварување во целина

Свеченото затворање на фестивалот и доделувањето на наградите ќе биде на 12 јуни со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков".

40

На јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински” претставата „Страв и надеж” е добитник на две награди. Жири-комисијата на фестивалот му додели на МНТ Главна награда ГРАН-ПРИ за уметничко остварување во целина, како и награда за најдобра музика во истата претстава за композиторката Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Македонскиот народен театар со претставата „Страв и надеж”, по мотивите на Франц Ксавер Крец, а во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, на 10 јуни учествуваше во официјалната натпреварувачка програма, во конкуренција со уште осум театарски куќи.






Во претставата игра извонредна актерска екипа: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Свеченото затворање на фестивалот и доделувањето на наградите ќе биде на 12 јуни со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков”. Во чест на наградените ќе се одигра претставата „Црно злато” по текст на Дејан Дуковски, а во продукција на Београдско драмско позориште.

Поврзани содржини