ОПШТИНА КАРПОШ ДОДЕЛИ ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Семејствата ќе добијат по 100.000 денари за настрадан член

Трагедијата се случи откако камион ја проби заштитната ограда на скопската обиколница и премина на спротивниот правец.

55

Советот на општина Карпош донесе одлука со која им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец.

Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато лице.






Во тешката несреќа животот го загуби оперскиот пејач Ристе Велков (51) кој загина заедно со својот син Адам Велков (20), како и неговите другари Марко Ѓорѓиевски (20) и Петар Миланов (20).

Трагедијата се случи откако камион ја проби заштитната ограда на скопската обиколница и заврши во спротивниот правец, удирајќи директно во автомобилот со кој управувал Ристе, по што возилото се запалило.

„Со оваа финансиска поддршка локалната самоуправа има за цел барем делумно да им излезе во пресрет на погодените семејства во овие исклучително тешки моменти“ – соопшти Општината.

Поврзани содржини