СЕРИЈА НАСИЛСТВА НИЗ ДРЖАВАТА Две лица уапсени, шест пријави за семејни напади за 24 часа

Во последното деноноќие во повеќе градови се пријавени шест случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, соопшти МВР.

31

Две лица се лишени од слобода, а вкупно шест пријави за семејно насилство се евидентирани во последното деноноќие низ неколку градови во државата, соопшти МВР.

Во Струмица, ноќеска околу 00:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 44-годишниот Б.М. од Струмица, по претходна пријава дека на 10.06.2026 година во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.






Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен и надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Во Скопје се регистрирани неколку случаи на семејно насилство. Во Гази Баба, 29-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека во Аеродром 28-годишна жена пријавила закани од сопругот.

Во Тетово, 40-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер ја следел, ѝ упатувал закани и ја вознемирувал телефонски од повеќе броеви. Во друг случај, 61-годишник од тетовско село пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син, кој дополнително му упатил закани и му го оштетил мобилниот телефон. По пријавата, синот бил пронајден и лишен од слобода.

Во Битола, исто така е регистриран случај на семејно насилство, при што 40-годишен маж е лишен од слобода по пријава дека ја нападнал својата вонбрачна партнерка.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини