ЈА ФАТИЛ БЕЗ КАРТА, А ТАА ПОЧНАЛА ДА ГО ТЕПА Патничка физички се пресметала со контролор на ЈСП

Контролор на ЈСП бил физички нападнат во автобус на Бит Пазар откако констатирал дека патничка се вози без карта, соопшти МВР.

127

Контролор на ЈСП бил физички нападнат во автобус на подрачјето на Бит Пазар, откако утврдил дека патничка се вози без возен билет, соопштија од СВР Скопје.

Настанот се случил вчера околу 10:30 часот, кога 49-годишниот Н.Н. од Скопје пријавил дека бил нападнат додека ги извршувал своите работни задачи како контролор.






Според пријавата, инцидентот настанал откако контролорот констатирал дека 50-годишната Д.Ц. од Скопје не поседува карта за јавен превоз.

По ова, жената физички го нападнала контролорот во автобусот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини