УДРИЛЕ ВО ОГРАДА И ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ Несреќа на двајца Британци, тешко повредена 23-годишна девојка
Автомобил управуван од 23-годишен државјанин на Обединетото Кралство удрил во метална ограда и излетал од патот Кичево – Охрид, а неговата сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.
Двајца млади државјани на Обединетото Кралство биле учесници во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид, при што 23-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила на 10 јуни околу 17:50 часот, кога патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда и излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешко била повредена неговата 23-годишна сопатничка Б.А., исто така државјанка на Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а се утврдуваат сите околности под кои дошло до излетувањето на возилото.