44% ПОВЕЌЕ ПАТНИЦИ И ПОМАЛКУ ЧЕКАЊЕ НА БЛАЦЕ „Оne Stop Shop“ дава резултати, вели ВРЕДИ

Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст од 44 проценти, соопшти партијата ВРЕДИ.

55

Системот „One Stop Shop” на Блаце дава конкретни резултати, 44% повеќе патници и помалку чекање на граница, соопшти партијата ВРЕДИ.

„Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, ги презентираше конкретните резултати од имплементацијата на системот кој донесе видливи придобивки за граѓаните.






Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст од 44 проценти.

Ова се конкретни резултати од заложбите за поефикасни граници, пократко чекање и побрзо и полесно движење за сите. ВРЕДИ продолжува да докажува дека владеењето со работа и резултати е вистинскиот пат за граѓаните и за државата.

ВРЕДИ не ветува, туку реализира“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини