ЛЕФКОВ, СТЕФКОВСКИ И ЈОВАНЧЕВ ВЛЕГУВААТ ВО ПРВАТА ПОСТАВА Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доби нови членови

Централниот комитет ги потврди одлуките за новите претседатели на општинските комитети, а во Извршниот комитет влегоа тројца функционери кои досега извршуваа значајни партиски и јавни функции.

97

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет.






Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните. Зоранчо Јованчев е пратеник во собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата. ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини