ШТО БАРАЛ РУСКИОТ ОЛИГАРХ АБРАМОВИЧ ВО КИЕВ? „Путин сака да ја заврши војната“

Откако украинскиот претседател потврди дека се сретнал со Роман Абрамович, руски новинар тврди дека олигархот бил испратен во Киев за да ја тестира можноста за договор меѓу Москва и Киев.

179

Рускиот олигарх Роман Абрамович не можел самостојно да отпатува во Киев и да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски без знаење на Кремљ.

Вака смета рускиот новинар Михаил Фишман, кој тврди дека посетата покажува оти Владимир Путин и натаму бара начин да ја заврши војната, но под услови прифатливи за Москва.






– Абрамович не може да оди во Киев без да го информира Путин. Според мене, тоа е очигледно – вели Фишман.

Зеленски ја потврди средбата

Украинскиот претседател неодамна потврди дека Абрамович пристигнал во Киев и му понудил да пренесе порака до Путин.

Според Зеленски, рускиот милијардер тврдел дека директно му донел порака од рускиот лидер и понудил да биде посредник во комуникацијата.

– Тој рече дека сè треба да се направи тивко, без публицитет – откри Зеленски na 7 јуни.

Украинскиот лидер додаде дека средбата не била тајна и дека јасно му било кажано оти Украина нема да се откаже од Донбас.

Обид за нов канал до Кремљ?

Фишман оценува дека посетата на Абрамович може да се толкува како обид на Кремљ да отвори нов преговарачки канал откако претходните дипломатски иницијативи западнале во ќорсокак.

Според неговата интерпретација, Абрамович добил задача да испита дали постои простор за компромис околу клучните спорни прашања.

Откако добил негативен одговор за Донбас, тврди Фишман, следувала нова ескалација на нападите врз украинските градови и инфраструктура.

Што навистина носел Абрамович?

Засега нема официјална потврда од Кремљ дека Абрамович настапувал како пратеник на Путин.

Сепак, самата средба меѓу рускиот олигарх и украинскиот претседател повторно ги отвори прашањата за неформалните канали преку кои Москва и Киев комуницираат зад сцената.

Поврзани содржини