KАДРОВСКО ОСВЕЖУВАЊЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ Избрани 30 претседатели на општинските комитети
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ назначи нови претседатели во повеќе општински комитети низ југот и југозападот на државата, при што дел од изборите се и нови имиња.
На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени кадровски решенија за повеќе од 30 претседатели на општинските комитети, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво“, се вели во соопштението.
Во продолжение имињата на новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ:
ИЕ4
1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски
2. Демир Капија – Андон Дрнев
3. Неготино – Павлинче Честојнова
4. Кавадарци – Тони Нешковски
5. Гевгелија – Димитар Вегов
6. Валандово – Јулија Тушевска
7. Богданци – Марјан Пеев
8. Дојран – Илија Тентов
9. Струмица – Методија Пасков
10. Босилово – Мито Андонов
11. Ново Село – Петар Марков
12. Василево – Славе Андонов
13. Конче – Ацо Митев
14. Радовиш – Бојан Митевски
15. Могила – Драганчо Саботковски
16. Кривогаштани – Александар Богданоски
ИЕ5
1. Демир Хисар – Ненад Шундовски
2. Долнени – Сашко Велјановски
3. Крушево – Пеце Стојчески
4. Ресен – Кире Божиновски
5. Охрид – Сашо Донев
6. Дебарца – Златко Силјановски
7. Струга – Ален Деребан
8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
9. Дебар – Афет Амедоски
10. Центар Жупа – Денис Хасан
11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
12. Пласница – Луме Адемоглу
13. Боговиње – Алишериф Синани.