📽️ БЕЛФАСТ НЕ МИРУВАШЕ ЦЕЛА НОЌ Немири го тресат градот откако Суданец со нож се обиде да обезглави маж

Изгорени автобуси, опожарени куќи и блокирани улици ги дочекаа жителите на Белфаст по насилните антиимигрантски немири што избувнаа по нападот кој со денови ја потресува јавноста. Според медиумските извештаи, 30-годишен Суданец се обидел да обезглави маж во четириесеттите години.

427

Главниот град на Северна Ирска осамна со изгорени автобуси, опожарени куќи и блокирани улици по ноќта исполнета со насилни немири низ повеќе делови од градот. Маскирани групи палеле контејнери, автомобили и јавен превоз. На улицата Њутаунардс демонстранти турнале запалени контејнери кон автобус, кој потоа целосно изгорел.

Немирите следуваа по нападот со нож во понеделникот вечерта, за кој е обвинет 30-годишен Суданец. Според медиумските извештаи, тој се обидел да обезглави маж во четириесеттите години. Жртвата се здобила со тешки повреди на лицето, вратот и грбот и е во сериозна состојба.






Снимката од нападот е вознемирувачка. Брзо се прошири по социјалните мрежи.

Автобуси и куќи во пламен

Во источен Белфаст по нападот биле запалени и повеќе куќи. Дел од жителите биле евакуирани додека пожарникарите се бореле со огнот.

Снимките од теренот покажуваат пламен што избива од прозорците и густ чад над населбите. Полицијата соопшти дека немири биле регистрирани на повеќе локации низ Северна Ирска.

 

Политичарите згрозени од сцените

Првата министерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил, остро го осуди насилството.

– Групи маскирани мажи кои палат куќи и ги бркаат семејствата од нивните домови е ништо помалку од гнасен кукавичлук – порача таа.

Според неа, станува збор за хулиганизам, а не за заштита на заедницата.

 

Нападот што го запали градот

Осомничениот Судаза нападот е обвинет за обид за убиство, поседување нож на јавно место и закани со смрт.

Според досега објавените информации, во 2023 година пристигнал во Ирска преку Даблин, а подоцна добил дозвола за престој во Обединетото Кралство до 2028 година.

Полицијата соопшти дека ги разбира стравувањата на јавноста по нападот, но предупреди дека насилството, палењето имот и заплашувањето не можат да бидат оправдување за протест.

Поврзани содржини