СИЛУВАЛ ДЕВОЈЧЕ И МУ ПРЕНЕЛ ЗАРАЗНА БОЛЕСТ Додека престојувал во домот на едно семејство ја злоупотребил нивната ќерка

Против Б.Т. од село во општина Карбинци е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.

416

Маж од општина Карбинци вршел полови дејствија врз малолетно девојче и  ѝ пренел заразна болест, соопшти полицијата.

Б.Т. (33) од село во општина Карбинци е лишен од слобода на 8 јуни 2026 година. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него.






Тој е задржан во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини