📽️ ЗАПЛЕНЕТИ ПУРИ ВРЕДНИ 4.000 ЕВРА Возач на автобус се обидел да ги прошверцува во државата

Мобилен царински тим на граничниот премин Табановце открил 312 пури скриени под седиштата и во фабричка шуплина во автобус што сообраќал на меѓународна линија. Против возачот е поднесена кривична пријава за криумчарење.

125

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.

Како што информираат од Царинската управа, во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата, како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.






Царинската управа, велат оттаму, продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата, заштита на здравјето на граѓаните и овозможување услови за фер економија.

Поврзани содржини