ВОЗИЛО СЕ ЗАПАЛИ ВО ДВИЖЕЊЕ НА БУЛЕВАРОТ ЈАНЕ САНДАНСКИ Нема повредени, пожарникарите го изгаснале огнот

Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.

347

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот Јане Сандански во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.






Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од МВР дополнуваат дека нема повредени.

Поврзани содржини