СТЕФАН БОГОЕВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР Судот прифати гаранција од 55.000 евра

Гаранцијата се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката.

106

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што се укинува мерката притвор што претходно му беше определена во траење од 30 дена.

Како што соопшти Судот, одлуката е донесена по жалба изјавена против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на Богоев му беше определен притвор.






„Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Гаранцијата се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката.

Покрај гаранцијата, Судот на Богоев му определи и мерки на претпазливост согласно Законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Од Судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.

Стефан Богоев е осомничен во предмет што се однесува на наводни злоупотреби во постапка за јавна набавка во Царинската управа. Истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во тек. објави Скопје1.мк

Поврзани содржини