ТУРИСТИТЕ ЈА ЗАОБИКОЛУВААТ АЛБАНИЈА ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ Оператори од Германија и од Словачка веќе ги откажаа резервациите

Според претседателот на Туристичкиот сојуз, Рахман Касај, странски туристи веќе ги откажале резервациите или се повнимателни во изборот на Албанија како дестинација за нивните летни одмори.

69

Протестите што се одржуваат во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец, кај Валона, предизвикаа загриженост во туристичкиот сектор.

Според претседателот на Туристичкиот сојуз, Рахман Касај, странски туристи веќе ги откажале резервациите или се повнимателни во изборот на Албанија како дестинација за нивните летни одмори.






– Неизвесноста создадена од последните случувања исто така влијаеле на бројот на продадени туристички пакети досега. Веќе имаме откажувања на резервации од Словачка, од Германија и други земји – изјави Касај за Топ чанел.

Тој додаде дека иако формата на граѓанскиот марш е мирна, одекот од протестите има негативно влијание врз туристичката индустрија, бидејќи бројот на продадени пакети видно е намален, бидејќи клиентите на светските туроператори се загрижени и не избираат  земја каде што има дестабилизација.

– Туристичката индустрија е единствената што е повеќе погодена од каков било настан како што се протести или насилни движења во една земја. Имаме пример со Египет, Тунис се еве сега и кај нас, каде протестите предизвика многу туристички агенции да ја отстранат Албанија од својата листа на дестинации – вели Касај.

На негативните последици од протестите деновиве предупреди и премиерот Еди Рама.

Во 2025 година, земјата ја посетиле 12,4 милиони странски туристи, при што остварен е приход од 5,72 милијарди евра. Овие бројки го квалификуваат туризмот како еден од главните столбови на економскиот развој на Албанија.

Поврзани содржини