ЌЕ БЛЕСНАТ КИНО „МИЛЕНИУМ“, БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ И ПЛАНЕТАРИУМОТ ВО МКЦ Скопје се подготвува за 2028 година

Со предлог програмата се одобруваат пари за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

347

Култното кино „Милениум“ ќе се реконструира, ќе се обнови библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и Планетариумот во МКЦ, како дел од подготовките во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе ја носи титулата „Европска престолнина на културата“, а финансирањето на овие проекти од особено значење за градот ќе биде обезбедено со денешниот ребаланс на буџетот на Град Скопје.

Со Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, поднесен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, за кој Советот на Градот ќе расправа на денешната 14 седница, се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Посебен акцент се става на реализацијата на проектите од областа на културата.






Пред советниците, меѓу другото, денеска ќе се најде и Предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2026-2028 година, според кој се одобруваат средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Со изградбата на новиот објект се очекува зголемување на брзината на реакција на пожарникарите за технички интервенции, спасување човечки животи и ефикасна заштита од пожари во урбана средина и на отворен простор.

Поврзани содржини