ИРАН ГИ ПРЕКИНА НАПАДИТЕ ВРЗ ИЗРАЕЛ Оцени дека му дал доволно „болен одговор“ за нападите врз Либан

Трамп денеска ги повика двете страни „веднаш да престанат со пукањето“, откако наводно го замолил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не возвраќа по иранските напади.

121

Иран ги прекинува нападите врз Израел, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА.

„Исламската Република му даде болен одговор на Израел за нападите врз Либан. Во овој контекст, со ова се објавува суспендирање на операциите на вооружените сили“, се додава во соопштението на иранското воено раководство, пренесено од ДПА.






Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозна ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран.

Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор на израелските напади врз либанскиот главен град Бејрут, поттикнувајќи го Израел рано утринава да нападне цели низ Иран, додека истовремено продолжија и иранските напади врз Израел, потсетува германската агенција.

Трамп денеска ги повика двете страни „веднаш да престанат со пукањето“, откако наводно го замолил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не возвраќа по иранските напади.

Само неколку часа подоцна, иранското воено раководство објави изненадувачки крај на операциите.

Поврзани содржини