КУБА ГИ ВООРУЖУВА ГРАЃАНИТЕ Дали е на повидок нов конфликт?
Со месеци, секојдневниот живот на Куба во голема мера беше определен од дипломатскиот конфликт со САД. По санкциите врз венецуелската нафта, евидентиран е недостиг на гориво, електрична енергија, а понекогаш и храна.
Поради растечката закана од конфликт со САД, кубанската војска дистрибуира оружје на цивилите. Покрај тоа, американските и кубанските генерали одржаа таен состанок во базата Гвантанамо.
„Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана започна со дистрибуција на оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват за непосредна инвазија“, според извештајот објавен од венецуелскиот весник „Верзија Финал“.
Со месеци, секојдневниот живот на Куба во голема мера беше определен од дипломатскиот конфликт со САД. По санкциите врз венецуелската нафта, евидентиран е недостиг на гориво, електрична енергија, а понекогаш и храна.
Сепак, подготовките за војната отидоа толку далеку што менаџерите на државните објекти веќе почнаа да разработуваат тактики со закупците.
– На враќање од Иран, ќе застанеме на Куба – се закани американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп јасно нагласи дека целта е да се промени политичкиот режим во Куба.
Неговиот државен секретар, Марко Рубио, кој е Кубанец по потекло, рече дека САД би претпочитале сè да се реши дипломатски.
Но, кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Париља го обвини Рубио дека намерно се обидува да предизвика воена агресија против Куба, тврдејќи дека неговата земја не може да биде закана за САД. Покрај тоа, беа воведени санкции против семејството Кастро.
Американските и кубанските генерали одржаа таен состанок во базата во Гвантанамо. Американската војска објави дека станува збор за „кратка размена“ на мислења за „прашања за оперативна безбедност“, додека кубанското Министерство за одбрана изјави дека е одржан „позитивен состанок“ со меѓусебен договор.