🎥 ЕДИ РАМА ОТКРИ ШТО ИМААТ ЗАЕДНИЧКО ГОСПОД, СЕКСОТ И ЕУ Го прашаа кога Албанија ќе влезе во ЕУ
На маргините на самитот, премиерот изјави дека верува дека пораките од регионот конечно се слушнати и дека е време да се воспостави нов ритам во односите со ЕУ.
Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржа во Тиват, Црна Гора. Во своите официјални изјави Рама истакна дека земјите од Западен Балкан не треба да останат во „чекалната“ на Европската Унија, нагласувајќи ја потребата од поинтензивна политичка динамика за забрзување на европската интеграција.
На маргините на самитот, премиерот изјави дека верува дека пораките од регионот конечно се слушнати и дека е време да се воспостави нов ритам во односите со ЕУ.
На новинарско прашање кога Албанија би можела да се приклучи на Унијата, Рама одговори отсечно:
„Три работи не можат да се предвидат: Бог, секс и ЕУ“, алудирајќи на тоа дека не може точно да одговори кога Албанија ќе биде примена во европското семејство.