РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ПРАВАТ „САЛАТА“, ДАЛИ СЛЕДУВА ЦЕЛОСНА ЕСКАЛАЦИЈА? „Граѓани, не излегувајте од дома“, порача гувернерот на Санкт Петербург

Санкт Петербург е изложен на „напад од големи размери“ со беспилотни воени летала, соопштија руските власти. Украинците пријавуваат дека во текот на изминатата ноќ во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинале пет луѓе.

667

Санкт Петербург утрово бил цел на масовен напад со беспилотни летала, соопшти гувернерот на градот Александар Беглов. Во исто време во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе.

„Утрово, на 6 јуни, Санкт Петербург беше изложен на напад од големи размери со беспилотни воени летала. Системите за противвоздушна одбрана се активни“, напиша Беглов на платформата Макс, пренесува РИА Новости.






Тој ги повика жителите да останат во своите домови и да избегнуваат излегување, предупредувајќи дека се можни прекини во интернетот и мобилната телефонија. Аеродромот Пулково е затворен за слетувања и полетувања на авиони, јавува РИА.

Гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко соопшти дека се уништени 86 дронови. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на изминатата ноќ над руските региони, Црното и Азовското Море и Абхазија биле соборени вкупно 376 беспилотни летала.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека осум беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон главниот град.

Во средата, на отворањето на форумот во Санкт Петербург, украински дронови погодија нафтена рафинерија и воен објект.

Во текот на изминатата ноќ во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе.

Гувернерот на Херсон, Олекдсандар Прокудин на Телеграм објави дека во еден од нападите загинале три лица над 70 години, чии тела биле откриени во нивните домови.

Херсонската област е една од четирите региони анектирани од Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година. На почетокот на војната Русија зазеде голем дел од областа, но украинската армија успеа да ги врати под своја контрола териториите, како и градот Херсон.

Поврзани содржини