ЦРНА ГОРА ДА ГИ ЗАТВОРИ ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА СО ХРВАТСКА Пленковиќ ја потсети Подгорица за обештетувањето на логорашите, бродот „Јадран“…

Загреб очекува конкретен напредок и решавање на отворените билатерални прашања со Црна Гора, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

117

Црна Гора има постигнато најголем напредок во процесот на европските интеграции меѓу државите од регионот, но официјален Загреб очекува конкретен напредок и решавање на отворените билатерални прашања, порача денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција во рамките на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Пленковиќ нагласи дека Хрватска има сосема јасни очекувања кои претходно биле нотирани во односите меѓу двете држави. Меѓу клучните приоритети тој го издвои прашањето за обесштетување на поранешните логораши, истакнувајќи дека Загреб инсистира ова да биде правно регулирано преку посебен билатерален договор.






Покрај ова, хрватскиот премиер ги наведе и имотно-правните барања на семејствата од Хрватска, прашањето за спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, сопственоста над училишниот брод „Јадран“, како и конечното дефинирање на границата меѓу двете земји.

Пленковиќ потенцираше дека Хрватска очекува продолжување на конструктивниот дијалог и видлив напредок во преговорите за сите овие маркирани точки.

Поврзани содржини