ОБИД ДА СЕ ЗАБРЗА ПРОШИРУВАЊЕТО Постапни чекори за влез на Западен Балкан во ЕУ

Не можам да кажам кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер за забрзување на проширувањето на Европската Унија, разговорите сè уште течат, вели евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.

82

Сè уште не можам да кажам кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер за забрзување на проширувањето на Европската Унија, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, вели евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.

– Разговорите во Тиват сè уште течат и не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата, за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите потребни постапки за пристапување на Западен Балкан во Европската Унија – изјави Рокас, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изврши увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос.






Во француско-германскиот нон пејпер Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори, како и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување.

Во документот, со наслов „Нов поттик за проширувањето во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан (5 јуни 2026) и самитот ЕУ – Молдавија (22 јуни 2026)“, се оценува дека „проширувањето останува една од најпривлечните понуди и највлијателни политички алатки што ги поседува Унијата“.

„На политиката на проширување ѝ е потребен нов поттик. Претстојните самити со Западен Балкан и Молдавија претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. Нашата заедничка цел е да ја заокружиме Унијата како вистинска Европска Унија“, се наведува во текстот.

ЕУ ДА ПОНУДИ ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА И ПРИСТАП ДО ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ Француско-германски нон-пејпер презентиран на Самитот во Тиват

Поврзани содржини