13 ГОДИНИ НЕ Е ПРИМЕНА НОВА ЧЛЕНКА Европската Унија мора да покаже волја и подготвеност за проширување

Проширувањето веќе со години доцни, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ - Западен Балкан во црногорскиот град Тиват.

129

Европската Унија мора јасно да покаже дека има политичка волја и дека е подготвена за проширувањето, кое веќе со години доцни, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ – Западен Балкан во црногорскиот град Тиват.

Мерц информираше дека за следните конкретни чекори за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата веќе разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон. Според германскиот канцелар, овој дел од Европа во перспективна смисла е неодвоив дел од ЕУ.






Тој упати и окритика до Брисел, нагласувајќи дека фактот што Унијата цели 13 години нема примено ниту една нова земја-членка е јасен показател дека самата ЕУ направила одредени сопствени грешки во  управувањето со процесот на проширување.

ЕУ ДА ПОНУДИ ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА И ПРИСТАП ДО ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ Француско-германски нон-пејпер презентиран на Самитот во Тиват

Поврзани содржини