МОТОРЏИЈА НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКИ ЗНАК И ПОБЕГНАЛ Kумановец заврши во станица, моторот му е одземен
Мотоциклист од Куманово не застанал на полициски знак за запирање, по што бил пронајден на бензинска пумпа, каде што, според полицијата, агресивно се однесувал и ги попречувал службените лица.
Дваесет и едногодишен жител на Куманово е приведен откако не застанал на полициски знак за запирање додека управувал мотоцикл, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, настанот се случил на 4 јуни околу 23:50 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ј.С. (21) од Куманово.
Претходно, тој управувал мотоцикл и не постапил по наредбата за запирање дадена од полицијата, по што продолжил да се движи.
По преземените мерки, полицајците го пронашле младиот возач заедно со мотоциклот на бензинска пумпа во Куманово. Според МВР, при интервенцијата тој агресивно се однесувал и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на нивните службени задачи.
По приведувањето бил однесен во полициска станица, а мотоциклот му бил одземен.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.