ШТО ПРАВИМЕ СО МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, ЦРНА ГОРА…? Финскиот претседател сака Унија со 40 членки
Претседателот на Финска предупреди дека Западен Балкан не смее да остане во чекалницата, а Унијата треба да размислува и за Турција, Норвешка, Исланд, па дури и за Канада.
Европската Унија да размислува на големо и да цели на зголемува од сегашните 27 на околу 40 членки, изјаци претседателот на Финска на енергетска конференција во Хелински.
Александар Стуб порача дека Европа мора да го искористи сегашниот геополитички момент и да ја зголеми својата тежина на светската сцена.
Тој се осврна и на Западниот Балкан велејќи дека Балканот е најжешка точка во Европа:
– Што правиме со Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија? Што правиме со Босна и Херцеговина?
Стуб псочи дека иднината на овие земји мора да биде дел од сериозна европска дебата.
„Никој веќе не зборува за Турција“
Стуб предупреди дека Европската Унија не смее да ја занемари ниту Турција.
– Никој повеќе не зборува за Турција, но мора да ги отвориме умовите и да разбереме дека, барем од безбедносна перспектива, таа мора да биде што е можно поблиску – нагласи тој.
Покрај Турција, како можни идни партнери ги спомена и Норвешка, Исланд, Украина, Молдавија и Грузија.
Канада како 28. членка
Најголемо внимание привлече неговата идеја за Канада.
– Зарем не би било прекрасно Канада да биде 28-ма држава на ЕУ, наместо 51-та држава на САД? – праша Стуб.
Со ова алудираше на претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можната анексија на Канада.
„Прозорецот нема долго да остане отворен“
Стуб смета дека војната во Украина и промените во американската политика создаваат ретка можност за големо проширување..
– Геополитичката моќ на Европа се заснова на големината, а најдобрата европска политика некогаш била токму проширувањето – порача финскиот претседател.