ПРИНЦОТ ЕНДРУ СНИМЕН СО МОДРИНКА НА ЛИЦЕТО Ревизијата откри како заработувал од кралските имоти

Поранешниот британски принц Ендру беше фотографиран со голем виолетов подлив на лицето, додека нов извештај откри детали за привилегиите што ги уживал преку кралските имоти.

280

Голема виолетова модринка на десната страна од лицето го стави Ендру Маунтбатен-Виндзор повторно во центарот на вниманието на британската јавност.

Поранешниот принц беше фотографиран додека возел во близина на својот нов дом на имотот Сандрингам. Британските медиуми наведуваат дека нема причина за загриженост и дека не е познато како ја заработил повредата.






Во исто време, нов извештај отвори прашања за привилегиите што со години ги уживал преку кралските имоти. Ендру ги изнајмувал колибите на „Ројал Лоџ“, пишува Би-Би-Си. Принцот, неговото семејство и персоналот користеле 12 имоти во сопственост на Крунскиот имот и Кралското домаќинство.

Поранешниот принц вложил 7,5 милиони фунти во обновата на „Ројал Лоџ“(во превод Кралската Ложа) кога го добил закупот. Според договорот, поради таа инвестиција не плаќал месечна кирија.

Плаќал симболична кирија

Според извештајот на Британската национална канцеларија за ревизија, Ендру со години плаќал значително пониска кирија за Кралската ложа во Виндзор.

Договорот му овозможувал и да издава под закуп 3 колиби што се наоѓале во рамки на имотот.

Во извештајот не е наведено колкав приход остварил, но откритијата предизвикаа критики и дополнителен интерес во јавноста.

 

Ќерките на Ендру не плаќаат ниту денар   

Документот ги опфати и условите под кои живеат други членови на британското кралско семејство.

Ревизорите наведуваат дека дел од договорите биле склучувани пред повеќе децении и содржеле различни услови во споредба со пазарните цени.

„Дејли Мејл“ тврди дека во извештајот пишува и дека меѓу оние кои уживале во шемата на Ендру се неговите ќерки Беатрис и Јуџин. Тие не извршуваат кралски должности, работат и се мажени, но не плаќаат ни денар за живеење на кралски имот.

„И двете жени имаат свои кариери, богати сопрузи и домови од повеќе милиони фунти на друго место и сигурно ќе се соочат со прашања зошто не можат сами да си ја платат егзистенцијата“, се вели во текстот.

Сепак, според извештајот, во анализираните случаи биле следени стандардните процедури и проценки.

Според некои написи, истрагата за примањата на принцот може да потрае цела година.

Контроверзиите не стивнуваат

Ендру останува една од најконтроверзните личности во британското кралско семејство.

Во последните години неговото име најчесто се поврзува со аферата околу американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн.

По скандалот, тој ги загуби повеќето кралски должности и почести, а повеќе не ја користи титулата „Неговото кралско височество“ во официјалните настапи.

Фотографиите со модринката дополнително го привлекоа вниманието на јавноста во период кога повторно се отвора дебатата за неговите привилегии и улога во кралското семејство.

Поврзани содржини