СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И ЈУЖЕН ВЕТЕР За викенд услови за невреме

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

62

Времето утре (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Најниска утринска температура се очекува во Маврово, 8 степени, а највисока во Гевгелија, 32 степени.

Фото: УХМР 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.

Фото: УХМР
Поврзани содржини