СЕ НОСИ МОДЕРНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРАВИЧНАТА ЗАСТАПЕНОСТ Политичкиот фолклор е за прес-конференции, дебатата е за во Собранието

Потребно нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми - да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на правична застапеност во земјава, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

45

Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој порача дека е потребно нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми – да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на правична застапеност во земјава.






– Тоа е барање на опозицијата. Тие излегоа на самиот Комитет со свое барање, начинот како ќе се гласа, со каков бадентер ќе се гласа овој закон. Претседателот на комисијата тоа барање им го удоволи и мислам дека е добро. Не треба да бегаме од дебата. Собранието е домот на демократијата и не треба да се преземаат мерки кои што ќе значат ограничување на дебатата – рече Петрушевски во гостување на Алсат.

Тој посочи дека во минатото постоеле примери кога се избегнувале дебати за општествени проблеми. Според него, дебатата во Комитетот за односи меѓу заедниците се претворила во дневнополитичка полемика, со дневнополитички фолклор и не била суштинска, а како што вели тој, на ВМРО-ДПМНЕ му е важно да се исполни намената за која што се носи еден закон.

– Да имаме правична застапеност во Република Македонија. Тоа е суштината на носење на овој закон. Дневниот политички фолклор имаат можност партиите да го водат и преку прес-конференциите од своите штабови. Не слушнав конкретен предлог, со којшто би се подобрил текстот на законското решение, кое што се носи во еден инклузивен процес, за кое што, исто така, имаме добиено позитивно мислење. Се надевам и сум убеден дека ова законско решение ќе биде подобро од претходно, кога немавме законско решение – вели Петрушевски.

Тој потенцираше дека претходно постоела само алатка, за која сегашната опозиција, на 23 јуни 2023 година, на седница на Влада побарала да биде тргната, затоа што го изминала времето и не била ефикасна.

Поврзани содржини