🎥 „ПАДНА“ ПРЕДЕН ДЕЛ НА ПАРКИРАН БОИНГ, ОТКАКО СЕ СКРШИ ПРЕДНОТО ТРКАЛО Повредени неколку членови на екипажот на Луфтханза
Авионот се подготвувал за полетување, а патниците сè уште не биле качени, изјави портпаролот на Луфтханза.
Неколку членови на персоналот се повредени во инцидент со авион Боинг 787, чие предно тркало неочекувано се сруши на портата на аеродромот во Франкфурт, соопшти операторот Луфтханза. По кршењето на тркалото, предниот дел на авионот падна на земјата, леталото остана да лежи „на стомакот“.
Авионот се подготвувал за полетување, а патниците сè уште не биле качени, изјави портпаролот на Луфтханза.
„Неколку членови на персоналот беа повредени и моментално добиваат медицинска помош“, соопшти компанијата.
Инцидентот се случил во 12:45 часот, а авионот требаше да полета за Лос Анџелес.
„Моментално ги истражуваме точните околности со надлежните органи“, додаде компанијата Луфтханза.
Засега нема официјален заклучок дали се работи за механички дефект, проблем при одржување или друга техничка причина.
Моделот на Боинг, 787, со кој Луфтханза управува варијантата 787-9, е релативно нов додаток за групацијата, која планира постепено да ги укинува помалку ефикасните авиони и да ја поедностави својата флота.
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) June 4, 2026