ВОЈНИК ОД СРБИЈА ЗАГИНА ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Ранети двајца мировници при бомбардирање на база на Обединетите Нации
Високиот водник Милован Јовановиќ е убиен во бомбардирање на базата на ОН, а повредени се војниц од Шпанија и од Ел Салвадор се ранети, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Војник на УНИФИЛ од Србија загина на 4 јуни во близина на Марџаџун, во југоисточен Либан.
Високиот водник Милован Јовановиќ е убиен во бомбардирање на базата на Обединетите Нации, а двајца војници од Шпанија и од Ел Салвадор се ранети, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
„Откако беше повреден му беше укажана итна медицинска помош во болницата во базата, а потоа беше префрлен со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што почина“, се наведува во соопштението.
Досега, ниту една од завојуваните страни во Либан не ја презеде одговорноста за нападот. Ова не е прв вооружен инцидент поврзан со меѓународни војници, членови на мировните сили на ОН во Либан.
Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека шпанската база на ОН „Мигел де Сервантес“ била нападната со минофрлачи и дека еден српски член на „сините шлемови“ е убиен, а двајца Шпанци се ранети.
„Го осудуваме насилството најостро и им ја нудиме сета наша поддршка на оние кои ги ризикуваат своите животи, за да го бранат мирот под знамето на ОН. Се надеваме дека сите страни целосно ќе го почитуваат прекинот на огнот објавен на 3 јуни и дека непријателствата ќе престанат. Мирот е единствената иднина“, напиша Санчез на мрежата Икс.
Јовановиќ е во српската армија од декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан е од јануари оваа година.
Мисијата УНИФИЛ е во Либан од 1978 година, а војници од Србија учествуваат во неа од 2010 година.