ОТКАКО СЕ ДОКАЖА НА ТАЈЛАНД, СЕГА ЌЕ СЕ ОПРОБА ВО БРИСЕЛ!? Арбен Фетаи ќе биде специјален владин претставник во столицата на ЕУ

Според Меџити, Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за да може да го преземе новиот ангажман, кој ќе биде насочен кон претставување на владините позиции во европските институции.

176

Копретседателот на Вреди Изет Меџити соопшти дека досегашниот вицепремиер задолжен за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде именуван за специјален претставник на Владата во Брисел.

Според Меџити, Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за да може да го преземе новиот ангажман, кој ќе биде насочен кон претставување на владините позиции во европските институции.






Во изминатиот период Фетаи речиси два месеци не присуствуваше на владините седници и немаше јавни активности поврзани со ресорот што го водеше, што предизвика бројни реакции во јавноста.

Меџити истакна дека коалициските партнери во Владата начелно се согласиле дека е потребна реконструкција на владиниот состав, но додаде дека сè уште не се отворени конкретни разговори за распределбата на ресорите и идните кадровски решенија.

Најавата за новата функција на Фетаи доаѓа во период кога се очекуваат промени во извршната власт и дополнителни разговори меѓу коалициските партнери околу идната организација на Владата. Новата улога на Фетаи во Брисел треба да биде поврзана со комуникацијата и координацијата со европските институции во процесот на евроинтеграциите.

Според Канал 77, со новата функција, Фетаи практично се враќа дома. Иако е роден во Куманово, Фетаи од својата шеста година живее во Белгија. Поседува македонско и белгиско државјанство. Во Белгија има бизнис со издавање на станови кои ги поседува. Завршил политички науки и е добар познавач на европското право, а извесно време работел и во кабинетот на премиерот на Косово, како и за познати фондации и донатори.

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРБЕН ФЕТАИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Тврди дека заминува со крената глава и со чиста совест

Поврзани содржини