🎥 ШЕРОН СТОУН ЈА ТЕПАЛЕ СО КАИШ ВО ДЕТСТВОТО На 14 години актерката му се спротивствила на татко ѝ и му рекла: „Никогаш повеќе нема да те сакам“

Шерон Стоун откри дека како дете трпела насилство од нејзиниот татко кој ја тепал со каиш. На 14 години му се спротивставила, му кажала дека ако уште еднаш ја удри, никогаш повеќе нема да го сака. Никогаш повеќе не удрил никого

72

Зад гламурот, славата и успешната холивудска кариера на Шерон Стоун се крие тешко детство исполнето со физичко насилство. Актерката неодамна откри дека со години била тепана од татко ѝ, кој исто така ги малтретирал и другите деца во семејството.

Во подкастот „The Person Who Believed in Me“, Стоун раскажа дека татко ѝ често ја казнувал со ремен, а понекогаш дури и ја туркал по скалите пред да продолжи со тепањето.






Но кога имала 14 години, решила да му се спротивстави.

– Татко ми викаше од приземјето да се симнам. Знаев што следува. Почнав полека да слегувам по скалите. Слегував како кралица на Франција – се присетува актерката.

Кога стигнала пред него, му се внесла во лицето и го прашала дали навистина мора да ја тепа за да се чувствува како маж.

– Ако ти е тоа потребно, тогаш ајде да завршиме со тоа. Но јас никогаш повеќе нема да те сакам. Завршив со тебе – му рекла таа.

Нејзината реакција целосно го затекнала нејзиниот татко, кој наместо да ја удри, почнал да плаче.

– Плачеше. Ми кажа: „Оди во соба!“ И никогаш повеќе не удри никого. Почнавме да зборуваме и станавме навистина блиски – откри Стоун.

Според неа, токму тој момент означил крај на насилството во нивниот дом. Подоцна, иако долго време се справувала со последиците од трауматичното детство, успеала да изгради многу подобар однос со татко ѝ.

Поврзани содржини