🎥 ДАЛИ ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ ЌЕ ЈА ЗАСЕНИ ШАКИРА? Нивната песна на пат да стане неофицијална химна на мундијалот
Песната се вика „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ од хип-хоп групата од БиХ „Дубиоза Колектив“. Слушнете ја, одлична е - рекоа водителите на Би-Би-Си.
Песната на Дубиоза Колектив „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ ги собра симпатиите на многу фанови на БиХ од целиот свет, а сега стигна и до радио емисијата на Би-Би-Си.
Благодарение на пласманот на фудбалската репрезентација на Би-Би-Си на Светското првенство, оваа песна во преработена верзија „оживеа“ повторно.
Водителите на Би-Би-Си Радио 2 во „The Radio 2 Breakfast Show“ со ентузијазам ја коментираа оваа песна.
– Босна и Херцеговина долета со лизгачки старт и се обидува да ја симне од тронот Шакира како химна на целото првенство. Песната се вика „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ од хип-хоп групата од БиХ „Дубиоза Колектив“. Слушнете ја оваа, одлична е – рекоа водителите.
Песната на Дубиоза Колектив, оригинално под назив „САД“ за прв пат беше објавена пред една декада, но по пласманот на БиХ на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, таа беше преработена и објавена повторно. Новата, ревидирана верзија, со наслов „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ објавена пред десетина дена на YouTube, сега 1,2 милиони прегледи.
Во новото издание песната е скратена, има изменета строфа на босанскиот јазик, како и референца на натпреварот со Нигерија („тоа со Нигерија не беше пенал“). Во песната најдоа место и кебапите, кои во босанска верзија се служат со млад кромид, и бурекот, кој за Босанците никогаш не е со сирење, туку само со месо.