🎥 „МЕНСТРУАЦИЈАТА РЕДОВНО СЕ СТАВА ВО КАФЕ“ Не пијте кафе во секоја куќа, советува искусната Јована Јеремиќ

Иако ваквите теми за црна магија и народни ритуали звучат шокантно за модерното време, српската водителка очигледно не мисли така па нагласува дека мажите треба да бидат исклучително претпазливи кај кого пијат кафе.

152
Познатата и често контроверзна српска тв-водителка Јована Јеремиќ повторно ја бранува јавноста со своите необични совети и тврдења во утринската програма „Јутро са душом“.
Овојпат таа зборуваше за старите народни верувања и таканаречените „љубовни магии“ кои, наводно, сè уште се практикуваат на Балканот.





Па така, Јеремиќ упати сериозно предупредување до гледачите, поточно, до мажите, советувајќи ги да не пијат кафе во секоја куќа и кај жени кои не ги познаваат добро.
Според нејзините зборови, постои бизарна и редовна пракса на ставање менструална крв во кафето.
Инаку, според народното суеверие, целта на овој чин, е да се „врзе“ и манипулира мажот за тој слепо да се вљуби во жената чие кафе го пие.
Иако ваквите теми за црна магија и народни ритуали звучат шокантно за модерното време, Јована Јеремиќ очигледно не мисли така па нагласува дека мажите треба да бидат исклучително претпазливи кај кого пијат кафе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JUTRO SA DUŠOM (@jutrosadusom)

Поврзани содржини