НУРКАЧИ И ЉУБИТЕЛИ НА ПРИРОДАТА СОБРАА ЦВРСТ ОТПАД ОД ДНОТО НА ЕЗЕРОТО Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на Охридското Езеро
Како компанија која континуирано вложува во заедницата и поддржува иницијативи од јавен интерес, Адмирал беше поддржувач на 6. меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро, организирана од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид.
Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјата и од регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните природни ресурси во Македонија и пошироко.
Преку поддршката на оваа значајна еколошка иницијатива, Адмирал уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност и заштитата на животната средина.
– Грижата за животната средина е заедничка одговорност на сите нас. Горди сме што бевме дел од оваа иницијатива која испраќа силна порака за важноста од заштитата на природата и подигнувањето на јавната свест за еколошките предизвици со кои се соочуваме – велат од Адмирал.
Од компанијата потенцираат дека ќе продолжат да поддржуваат проекти кои придонесуваат за одржлив развој, заштита на природата и подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници.
– Секое отстрането парче отпад од Охридското Езеро е чекор кон почиста животна средина, а секоја ваква акција е потсетник дека со заеднички сили можеме да создадеме позитивни промени и да ги зачуваме природните вредности за генерациите што доаѓаат – додаваат од Адмирал.