🎥 ДАЛИ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ИМА НОВИ ГРАДИ? Актерката се појави во смел фустан со деколте кое поттикна гласини за операција
Познатата актерка е главна тема на социјалните мрежи веќе некое време, особено поради односот со новиот колега
Пејачката и актерка Џенифер Лопез е во центарот на вниманието на јавноста овие денови поради филмот „Office Romance“ во кој ја игра главната улога.
Покрај неа во филмот глуми Брет Голдштајн и двајцата го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД. Но, на премиерата на филмот во Њујорк, малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер.
Лопез блесна на црвениот тепих во можеби најсмелиот фустан во нејзината кариера. Таа носеше тесен фустан без ракави од „Miss Sohee“ со цветен дезен и многу големо деколте. Токму тоа деколте го украде целото внимание, со оглед на тоа што ги стави нејзините гради во преден план и предизвика гласини за пластична хоперација.
– Дали се нови? Никогаш не сум забележала! Нејзините гради изгледаат секако освен природно! Изгледаат многу поголеми! Од каде дојдоа? – напишаа некои.
View this post on Instagram
Лопез и Голдштајн привлекоа голем интерес кај публиката поради хемијата што ја покажаа и на екранот и во реалниот живот. Ова доведе до гласини дека се во врска, што пејачката одлучно ги негираше.
– Никогаш не ме гледаат со некого или како работам со некого без да ме поврзат со таа личност – рече таа во емисијата „Today“, а Голдштајн додаде:
– Мислам дека ако стоиш до неа, тоа се случува. Затоа стоев блиску цело време.
Лопез потоа одлучно рече дека не се во врска.
View this post on Instagram
Гласините за нова романса доаѓаат откако Џенифер се разведе по четврти пат. Таа беше во брак со актерот Бен Афлек две години, а поднесе барање за развод во август 2024 година. Претходно беше во брак со актерот Оџани Ноу од 1997 до 1998 година, па се омажи за Крис Џад во 2001 година. Се разведоа во 2003 година, а една година подоцна се омажи за Марк Ентони, со кого има две деца.