НАРОДНА БАНКА ТРЕБА ДА ДОБИЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ОРГАНИЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА БАНКИТЕ Славески повика на јавна дебата за законски измени

Гувернерот потсетува дека Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките.

48

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на јавна дебата и разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, по примерот на повеќе европски земји.

Во објава на Икс, Славески вели дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.






„Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка, по примерот на повеќе европски земји каде што постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги“, пишува Славески.

Тој додава дека во голем број европски држави постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени надоместоци и дека ваквите искуства можат да послужат како добра основа за јавна дебата и во земјава.

Според гувернерот, целта е граѓаните и компаниите да имаат пристап до ефикасни платежни услуги по разумни надоместоци, што пак нема да биде отстапување од современите европски практики.

Поврзани содржини