ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ВО НЕСРЕЌА КАЈ СТРАЖА Се судрија две возила и мотоцикл

Во сообраќајката на магистралниот пат кај превојот Стража учествувале две патнички возила и мотоцикл, а повредениот возач е пренесен во болница во Кичево.

0

Мотоциклист од Скопје е повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат кај превојот Стража.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале три возила – „цитроен“ со кичевски регистарски таблички управувано до С.Ј (69), „рено“ со скопски таблички управувано од Љ.А.(43) и мотоцикл „кавасаки“, исто така со скопски регистарски ознаки.






Несреќата била пријавена вчера околу 18:40 часот во ОВР Кичево.

Во судирот повреден бил 45-годишниот мотоциклист И.М. од Скопје. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде лекарите му констатирале повреди.

На местото на несреќата увид извршила полициска екипа, а причините за судирот се утврдуваат.

Поврзани содржини