ФОТКА ОД ТРАМП КОЈ МОЛИ, ПОРАКА ЗА ВАШИНГТОН На ракетата која падна во Кувајт имало сликичка
Само неколку часа по нападот врз Кувајт, Иран објави пропагандно видео во кое на една од ракетите се гледа слика од американскиот претседател Доналд Трамп со телефонска слушалка во рака и порака насочена кон американското воено присуство во регионот.
Видеото беше објавено преку официјални и полуофицијални ирански канали и брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ваквите пораки не се невообичаени во конфликтите на Блискиот Исток. Војските и вооружените групи често испишуваат пораки, пароли или политички симболи на проектилите што ги лансираат.
Нападот на Иран врз Кувајт доаѓа како одмазда на нападот на САД врз цели во Иран со кој по третпат беше скршено примирјето меѓу Вашингтон и Техеран.