📽️ ОЛИМПИЈАКОС Е НОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН Грците го соборија Реал Мадрид во драматично финале

Олимпијакос ја освои четвртата титула во Евролигата по победа над Реал Мадрид во драматично финале решено во последната четвртина.

44

Кошаркарите на Олимпијакос се нови европски шампиони, откако во финалето на Евролига го совладаа Реал Мадрид со 92:85.

Ова е четврта титула европски првак за Олимпијакос, а претходната ја освоија во 2013 година.






Финалниот натпревар беше израмнет во првото полувреме, кое заврши со минимална предност на грчкиот тим од 46:44. По третата четвртина, Реал Мадрид успеа да направи пресврт и поведе со 65:61.

Сепак, одлучувачка беше последната четвртина, која Олимпијакос ја доби со 31:20 и со тоа стигна до титулата. Најголема неизвесност имаше при резултат 80:80, по што грчкиот тим го презеде водството до самиот крај.

Најефикасен во победничкиот состав беше Еван Фурние со 20 поени, додека најдобар поединец во финалето беше Алек Питерс со 16 поени и индекс 26.

Кај Реал Мадрид најрасположен беше Марио Хезоња со 19 поени, но во завршницата промаши неколку клучни обиди за три поени.

Поврзани содржини