ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ НА КАМИОНОТ ШТО УСМРТИ 4 ЛИЦА Постои опасност од бегство

74

Судија на претходна постапка доцна синоќа му определил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица.

Мерката притвор е донесена на барање на надлежното јавно обвинителство по спроведениот распит во судот поради постоење опасност од бегство, како и можност осомничениот да го повтори кривичното дело.

 






Поврзани содржини