ТРАМП СЕ ПРЕМИСЛИ ОКОЛУ РЕГУЛАЦИЈАТА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Нема да го потпише законот, бидејќи е пречка за раст на индустријата

Американскиот претседател смета дека вештачката интелигенција „предизвикува огромно добро“ па затоа е загрижен дека извршната наредба „може да биде пречка“.

50

Претседателот на САД, Доналд Трамп го одложи потпишувањето извршна наредба за индустријата за вештачка интелигенција, бидејќи, според него „не му се допаѓале одредени аспекти“.

-Соединетите Американски Држави моментално се пред Кина и остатокот од светот во однос на вештачката интелигенција. Не сакам да правам ништо што би можело да застане на патот на тоа лидерство – изјави Трамп.






Според него, вештачката интелигенција „предизвикува огромно добро“. Тој е загрижен дека извршната наредба „може да биде пречка“.

Регулативата би ѝ дала на американската влада овластување да ги прегледува моделите на вештачка интелигенција пред објавувањето за да идентификува безбедносни закани.

Масовните инвестиции од технолошките гиганти во индустријата за вештачка интелигенција поттикнаа брз раст, помагајќи им на берзите да достигнат нови максимуми, дури и кога војната со Иран и други извори на геополитички конфликт доведоа до глобални економски превирања.

Администрацијата на Трамп, која ја фаворизира вештачката интелигенција, го поздрави движењето кон технологијата и презеде мерки поддржани од лидерите во индустријата.

Но, администрацијата, исто така, презеде некои чекори кон поголем надзор врз вештачката интелигенција.

Федералниот центар за стандарди и иновации на вештачката интелигенција овој месец објави договори со DeepMind на Google, Microsoft и xAI што му овозможуваат да ги оценува моделите на вештачка интелигенција пред да станат јавно достапни.

Поврзани содржини