ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ПОВТОРНО НУДАТ РАСПРОДАЖБА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЛИЧЕН СПАС Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДСМ
Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има катастрофален личен рејтинг, партија која се распаѓа и нема личен кредибилитет. Токму затоа единствен механизам кој му останува на Филипче е сервилност и слугување на туѓи агенди од кои очекува поддршка за да дојде на власт и да ја зачува фотелјата на Бихаќка. Филипче отворено нуди нови национални понижувања, нови отстапки и трговија со државните интереси само поради лична корист. Македонија и граѓаните веќе еднаш ја платија цената на поданичките политики на СДС и цената на владеењето на СДС со корупција, криминал, понижувања и ставање на државата во подредена состојба на меѓународен план“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека народот не му верува на СДСМ и затоа нема да дозволи истите луѓе како Заев и Филипче кои го сменија името, го понижија народот и кои ветуваа европска иднина што никогаш не ја испорачаа, повторно да ги лажат.
„Филипче и СДС да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на македонските граѓани. Македонија не смее да биде држава на уценети политичари кои се спремни за личен спас да ја распродадат“, се додава во соопштението.