📽️ 973 ГОЛА И НОВ ПЕХАР ЗА РОНАЛДО Португалецот и Ал Наср се шампиони на Саудиска Арабија

Ал Наср ја освои титулата во Саудиската Про лига откако во последното коло го совлада Дамак со 4:1, а Кристијано Роналдо постигна два гола и стигна до бројката од 973 погодоци во кариерата.

63

Екипата на Ал Наср предводена од Кристијано Роналдо ја освои титулата во Саудиската Про Лига, откако во последното коло убедливо славеше против Дамак со 4:1.

Со оваа победа, Ал Наср ја заврши сезоната на првото место со 86 бодови, два повеќе од големиот ривал Aл Хилал, кој остана втор со 84.






Домашниот тим го отвори резултатот преку Садио Мане, а на стартот од второто полувреме предноста ја зголеми Кингсли Коман. Гостите успеаја да намалат од пенал, но потоа на сцена стапи Роналдо.

Португалската суперѕвезда постигна два гола за конечни 4:1 и уште еднаш беше херој на својот тим. Вториот погодок за Роналдо беше и негов 973 гол во професионалната кариера, бројка што дополнително ја потврдува неговата неверојатна фудбалска доминација.

 

По последниот свиреж започна големо славје на стадионот, а Роналдо конечно стигна до првата шампионска титула во Саудиска Арабија, откако му се приклучи на Ал Наср.

 

Поврзани содржини