НОВ РАСТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Трговците се загрижени по изјавата на Иран дека нема да го предаде збогатениот ураниум

Демонтирањето на нуклеарната програма на Техеран останува централно барање на САД, а ставот на претседателот на САД  Доналд Трамп е дека водниот пат треба да остане отворен, слободен и без такси за патарина.

45

Цените на нафтата утрово растат бидејќи трговците се загрижени откако Врховниот лидер на Иран нареди резервите на збогатен ураниум во земјата да останат во Иран, комплицирајќи ги тековните мировни преговори бидејќи демонтирањето на нуклеарната програма на Техеран останува централно барање на САД.

Фјучерсите за нафтата Брент пораснаа за 2,6% на 105 долари за барел, а за северноамериканската суровата нафта WTI пораснаа за 1,9% на 98 долари за барел.






И покрај денешниот порастот  на цената на суровата нафта WTI е пониска за повеќе од 3% за оваа недела, во услови на оптимизам дека страните во конфликтот на крајот би можеле да постигнат договор.

Според информациите Иран, исто така, работи со Оман на рамка за постојан систем на патарини што би ја формализирал неговата контрола врз поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец.

Сепак, претседателот на САД  Доналд Трамп го отфрли предлогот, инсистирајќи дека водниот пат треба да остане отворен, слободен и без такси за патарина.

 

Поврзани содржини