ТЕМЕЛНО СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ КОН СРЕДНО ВОДНО Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека Водно е душата на Скопје
Решаваме еден долгогодишен проблем и овозможуваме поголема безбедност, подобра заштита на патот и негово подолгорочно одржување – рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека е започната темелна реконструкција на патот кон Средно Водно.
– Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно – вели скопскиот градоначалник.
Покрај реконструкцијата на коловозот, се уредуваат и сливниците за атмосферските води кои долги години беа нефункционални и неодржани, а се обновуваат и еластичните одбојни огради (банкини), кои исто така повеќе децении стојат оштетени и непроменети.
– Решаваме еден долгогодишен проблем и овозможуваме поголема безбедност, подобра заштита на патот и негово подолгорочно одржување. Паралелно, во континуитет се одржуваат и патеките кон Водно, се уредува просторот и се заменува дотраената урбана опрема, за ова место повторно да го добие изгледот што го заслужува. Водно се белите дробови на Скопје и само со заеднички придонес ќе остане нашето најубаво место – истакнува Ѓорѓиевски.