BINANCE ГО ОДБЕЛЕЖУВА BITCOIN PIZZA DAY СО НАСТАН ВО СКОПЈЕ Настанот е бесплатен и не е потребна претходна регистрација

Посетителите се поканети да дојдат со пријатели, да уживаат во пица и да бидат дел од глобалното одбележување на Bitcoin Pizza Day.

18

Binance, една од водечките платформи за дигитални средства во светот, ја поканува локалната крипто-заедница, ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални финансии на одбележување на Bitcoin Pizza Day во Скопје, кое ќе се одржи на 22 мај, од 12:00 до 17:00 часот во пицерија Impasto.

Bitcoin Pizza Day е еден од најпознатите датуми во историјата на крипто-индустријата. Пред 16 години, програмерот Ласло Хањец ја направи првата реална купопродажба со Bitcoin, кога купи две пици за 10.000 BTC. Денес, овој ден се одбележува низ целиот свет како симбол на развојот, прифаќањето и растот на крипто-екосистемот.






Настанот во Скопје ќе понуди можност за дружење, networking и разговори во живо со претставници на Binance тимот. Присутните ќе имаат можност да се запознаат и со Binance Angels, а ќе можат да учествуваат и во активности преку кои ќе имаат шанса да освојат ексклузивни Binance подароци.

„Bitcoin Pizza Day е многу повеќе од симболична прослава, тоа е потсетник за патот што крипто-индустријата го измина во изминатите години. Со овој настан сакаме да ја доближиме Binance заедницата до корисниците во Скопје, да поттикнеме разговори и да создадеме простор за размена на искуства и идеи,“ вели Sandro Slukan регионален маркетинг менаџер за Балканот.

Настанот е бесплатен и не е потребна претходна регистрација. Посетителите се поканети да дојдат со пријатели, да уживаат во пица и да бидат дел од глобалното одбележување на Bitcoin Pizza Day. За целосно искуство, се препорачува присутните да имаат активна Binance сметка.

За бесплатна пица, посетителите можат да споделат објава со хаштагот #BinancePizza и да го проследат настанот на своите пријатели.

Binance е глобален блокчејн екосистем и една од водечките платформи за дигитални средства во светот. Компанијата е посветена на унапредување на усвојувањето на крипто-технологиите преку едукација, иновации и градење глобална заедница.

Поврзани содржини