ОДИТЕ ЗА ГРЦИЈА, БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ НА ДОЛГО ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА! Се очекува метеж за продолжениот викенд

Граничните служби најавуваат редовно функционирање на премините, но апелираат на трпение и почитување на сообраќајната регулатива.

175

За утре, петок, се очекува зголемен метеж на граничните премини кон Грција, особено на премините Богородица и Дојран, каде што во одредени периоди може да има чекање од неколку часа поради зголемен сообраќај на туристи и почеток на викенд и сезонски патувања.

Според најавите, засилен проток на возила се очекува уште во раните утрински часови, при што најголеми задржувања може да има во периодите на најголем туристички наплив, кога голем број патници од Македонија и регионот се упатуваат кон грчките летувалишта.






Граничните служби најавуваат редовно функционирање на премините, но апелираат на трпение и почитување на сообраќајната регулатива, со оглед на тоа што ваквиот сезонски метеж е вообичаен во периоди на засилен туристички сообраќај.

Патниците се советуваат да тргнуваат порано и да се информираат за состојбата на граничните премини, со цел да се избегнат подолги задржувања и колони возила на влез и излез од државата.

Поврзани содржини